Утрински Весник
Свет

Состојбата по атентатот на словачкиот премиер Фицо е стабилна, но неговиот живот се уште е во опасност

Fico.png

Министерот за одбрана и вицепремиер на Словачка Роберт Калињак изјави дека состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но дека неговиот живот се уште е во опасност. – Ситуацијата се уште е тешка. Лекарскиот тим во болницата Рузвелтова во Банска Бистрица прави големи напори да се придвижи кон поволна прогноза. Не можам да кажам дека победуваат и дека прогнозите се поволни, бидејќи раните од четири куршуми се толку тешки што треба да се чека. Успеаја да ја стабилизираат ситуацијата, но премиерот не е надвор од животна опасност – изјави Калињак за новинарите. Калињак, еден од најблиските соработници на Фицо, апелираше до сите да се потрудат да ги смират страстите и побара од медиумите да изнесуваат што помалку факти и да престанат да се натпреваруваат за побрзо објавување на непроверени вести.

Можете да прочитате

Еден загинат и најмалку 30 лица повредени во руски напад на Киев

Пентагон го запре распоредувањето на 4.000 американски војници во Европа

Рубио изјави дека САД сакаат Кина да помогне во решавањето на кризата во Ормуз