Утрински Весник
Свет

Сопствениците на бордели и сексуалните работници во Шпанија на протести против законот за проституција

Сопствениците на бордели и сексуалните работници во Шпанија на протести против законот за проституција

Демонстрантите, вклучително и сопственици на бордели и сексуални работници, демонстрираа пред шпанскиот парламент поради предложениот закон со кој корисниците на проституција и сопствениците на секс клубови или макроата ќе бидат казнети до четири години затвор, јавува Радио Слободна Европа.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите носеа маски за лице и користеа светло црвени чадори за да го сокријат својот идентитет, пренесува медиумот.

„Бараме Социјалистичката партија да го повлече предлог-законот, кој подразбира вистинско укинување на проституцијата и не осудува да работиме под земја“, рече Сузана Пастор, претседател на Платформата против аболицијата.

Но, новиот синдикат на сексуални работници „Отрас“ не го поддржа протестот бидејќи го организираа сопственици на секс клубови, пишува во написите.

„Воопшто не се грижат за правата на сексуалните работници“, изјавил за АП генералниот секретар на „Отрас“, Конча Борел.

Борел бара легални договори за сексуалните работници и проценува дека во Шпанија има околу 200.000 такви.

И „Отрас“ и сопствениците на сексуални бизниси ги негираат официјалните владини податоци дека 90 отсто од сексуалните услуги во земјата се принудни. Полицијата соопштила дека 491 жртва на трговија со луѓе и сексуална експлоатација биле спасени во Шпанија во 2021 година.

Според новинарските извештаи, се смета дека Шпанија има една од најлесните законски рамки за проституција во Европа, казнувајќи само кога може да се докаже експлоатација или злоупотреба. Предложениот нацрт треба да помине низ парламентот.

Шпанија, исто така, неодамна го забрани рекламирањето на проституцијата.

Можете да прочитате

Новиот директор Кеш Пател го претвора ФБИ во политичко оружје на Трамп

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

Јужна Кореја избира нов претседател