Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива непречено, патот Прилеп – Битола времено затворен од попладне

Amsm.jpg

АМСМ информира дека денеска 30.12.2025, од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

„Металковци патуваат“ премиерно на сцената на МОБ – нова интерактивна претстава за најмладите

Ужас во Кисела Вода: Со пиштол пукал кон сопругата, ги нападнал и трите ќерки

Вајц: Уставните измени се услов за кој не се преговара