Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот низ државата се одвивa непречено, по наместа влажни коловози

Kolovoz 1.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Македонка убиена во Италија: Сопругот се јавил на 112 и признал – „Ја убив жена ми“

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски? 

Македонија има доволно керозин, уверува Николоски