Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот во целосен прекин

Stop.webp.webp

Денеска од 12.02 часот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, поради случена сообраќајна несреќа, сообраќајот е во целосен прекин.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Гордоста се гради со дела – Јакимовски потсети на времињата на Панчев, Трстена и Стефановски

Вечерва Љупчо Николовски повикан на службен разговор во СВР Скопје

Меџити: Вреди сега е единствена партија на Албанците што ја има од Липково до Струга, Фетаи и Лимани се самоелиминираа