Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во Охрид, двајца возачи имале забрани, возилата им се одземени

Ohrid svr policija.jpg

На 04.02.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ” во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок”, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид.

По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б” категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б” категорија.

Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

Можете да прочитате

Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси една деценија, болницата обезбедена со безбедна вода за пиење

Велешанец ја нападнал и повредил мајка си, полицијата го уапси

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорнос