Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во гостиварско, тешко повредени двајцата возачи

Soobra A Ka.jpg

На 10.08.2024 година во 17.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с. Градец, во близина на село Добри Дол, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (19) од село Калиште, гостиварско и патничко возило „Фолксваген туран” исто така со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(40) од село Топлица, гостиварско.

Во несреќата со тешки телени повреди се здобиле двајцата возачи, а констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

Народниот правобранител го истражува претресот во КПУ Затвор Скопје

Катастрофален ревизорски извештај за Агенцијата за вработување – Местени тендери, исплати без докази и фаворизирање

МВР со кривична против полицаец кој пукал на семејна веселба