Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка на патот Богданци – Гевгелија: Се судрија мотоцикл, „опел“ и трактор, тешко повреден 24-годишник

Soobrakajka 1.jpg

Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот К.К. од Богданци, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Љ.Ѓ. од село Бунарџик, скопско и трактор со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот Б.Ш. од Богданци, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница во Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Можете да прочитате

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право