Утрински Весник
Македонија

Сончево време со утринска магла по котлините

Сончево време со утринска магла по котлините

Времето денеска претпладне по одделни котлини ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Скопје и во околината претпладне со магла и ниска облачност, попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.

И наредните денови ќе се задржи претежно сончево, а од утре и значително потопло време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Можете да прочитате

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка

Пронајдена дрога во Битола, приведени три лица

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање