Утрински Весник
Македонија

Полицијата приведе девет возачи за безобѕирно возење

Policija Mvr2.png

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи и извршија службен разговор со еден родител за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, двајца з ауправување возило под дејство на алкохол и еден затоа што управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување возило од Б категорија.

Четири лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Гостивар, Кавадарци и Велес (малолетник). Двајца возачи во Струмица возеле под дејство на алкохол, а еден во Ресен за управување возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Шасивари иницира средби за деблокирање на носењето на измените и дополнувањата на Изборниот законик

Перински: Нов чекор кон поефикасно лекување и посилна регионална соработка

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка