Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, со температура до 19 степени

Prolet.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.


Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на топло време со пораст на температурите. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен северен ветер, над 70 километри на час.

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница