Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник врнежи од снег

Vreme 2.webp.webp

Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Како што соопштија од УХМР, кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.


Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачно. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и потоа преку ноќта.

Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од север ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка. Снег ќе има понекаде и во пониските места.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ

Мајка пријави исчезнување на нејзините две малолетни ќерки – Се вратиле сами дома по неколку часа!

Избегнувајте сонце од 11 до 17 часот и пијте многу вода, не оставајте никого во паркирано возило