Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло уште ден-два, следува промена на времето

Vreme Dozd Sonce Scaled 1.jpg

До крајот на денов сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Времето во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе биде до 36 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

– Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за неколку степени, велат од УХМР.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат

ВРЕДИ: ДУИ 20 години ја користи коцката како банкомат