Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со температура до 35 степени

Vreme 3.webp.webp

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.Ќе дува слаб ветер од јужен правец Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.


Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Утре во попладневните часови во планинските региони, а во четврток и петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Десет лица од ЈП Комуналец Кичево повикани на разговор – одлагале отпад на дива депонија

Утре не очекува уште попеколно време – температурите ќе одат до 37 степени

ВМРО-ДПМНЕ: По трагедијата во Кочани целосно се забрани употреба на пиротехника во затворен простор