Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне со локална облачност

Vreme1.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови времето ќе биде сончево и топло со локална појава на облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. 

Можете да прочитате

Возела 142 км/ч на место каде максимално е дозволено 50 км/ч, приведена жена од ресенско

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“