Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме

Vreme7.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 34 степени. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Нестабилно време ќе продолжи и утре. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северeн правец. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град.

Во Скопје утре, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик