Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло 

Vreme 1.png

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен правец.

Попладне, во јужните и југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Температурата кон викендот ќе биде во постепен пораст.

Можете да прочитате

Полицијата уапси седум возачи – 24info.mk

Филков: Седницата за изборните реформи е одложена

Јаневска:Предложениот закон за високо образование нема да се повлече