Утрински Весник
Македонија

Сончево и релативно топло време утре

Zima Sonce 750x430 1.jpg

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови на некои места ќе има зголемена облачност која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде од -3 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во наредните денови се очекува стабилно и релативно топло време за овој период од годината, со утринска облачност која ќе се намалува во текот на денот.

Можете да прочитате

Ивановски: Филипче е врвен неврохирург, но не се снајде како претседател на СДСМ

Заштитете се од комарци, потврдени два случаи на западнонилска треска во Македонија

Мицкоски: Ќе има секретар за добро владеење, но тоа нема да биде Димовски