Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, до 40 степени

Sonchevo 1.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени. UV=9. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Според УХМР, викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло.

Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки