Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло – 24info.mk

Vreme zesko mia.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.


Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов и понеделник кога дневната температура секаде ќе биде над 33 степени. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, а сега бара уште 6 години за Охрид

ИЈЗ со важни препораки за граѓаните на Гостивар

Поранешни сопружници меѓусебно се пријавиле за физички напади