Утрински Весник
Балкан

Сом долг над два метра и тежок 80 килограми фатен во Дунав, рибарите го сликале и го вратиле во реката

Som Dunav.jpg

Спортски риболовци од cеверна Србија, од Дунав, кај Панчево извлекле сом долг над два метра, со тежина од околу 80 килограми. По „тешката борба“ со рибата што траела два до три часа, ја измериле, се сликале со неа и ја вратиле во реката.

Рибарите Бојан Славуљ и Милан Дроњак велат дека ова е редок улов од реката.

Околу 21 часот рибата загриза и три часа се боревме со неа. За повлекување користевме прачки… Ветерот беше силен, а имаше и големи бранови, па рибата нѐ повлече среде Дунав. Сепак, на крајот „го победивме“ и го извлековме од водата. Сомот беше долг 2,18 метри, изјави Славуљ за „Н-1“.

Како што раскажува, тој порано ловел единки тешки до 35, 40 килограми – повеќе од двојно полесни од оваа риба, а сом во овој дел од реката обично тежи 15 – 20 килограми…

Според риболовците, најважно е што рибата жива и здрава е вратена во реката.

Можете да прочитате

Нови Сад: Питбул териер го нападнал својот сопственик и го убил

Земјите од регионот се уште под влијание на африканскиот топлотен бран

Турција одбележува осум години од неуспешниот обид за пуч