Утрински Весник
Македонија

Софија смета дека им биле ограничени правата во Македонија, откако имињата на бугарските клубови беа означени како провокација

Претседателот на клубот „Иван Михаилов“: Културниот центар нема да го менува името
Ss2

Како ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, бугарското МНР го интерпретира негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности во врска со именувањето на клубот „Иван Михајлов“ во Битола.

dobivaj vesti na viber

Бугарското Министерството за надворешни работи коментира дека одлуките се во спротивност со заложбите што ги презема Скопје во областа на човековите права и обврската да обезбеди еднакви права и слободи за сите граѓани, вклучително и оние кои се идентификуваат како Бугари.

Ss1

„Според јавно достапните информации, Централниот регистар на Северна Македонија доставил 17.000 невладини организации на разгледување до Министерството за правда. Само бугарските здруженија „Иван Михаилов-Битолија“ и „Цар Борис Трети“ во Охрид добиле негативни решенија дека не можат да ги користат имињата што ги избрале нивните основачи. Според нашето Министерство за надворешни работи, овој факт покажува дека набрзина донесените и без јавна расправа измени на Законот за здруженија и фондации кај нашиот југозападен сосед се направени со единствена цел да се избришат од Централниот регистар двете организации на Бугарите во Северна Македонија“, се наведува во реакцијата на бугарското МНР.

Претходно вчера Комисијата за употреба на лични имиња во Македонија даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. Комисијата смета дека именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија, кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Централниот регистар соопшти дека го одбил барањето за одобрување на името на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Ss1

Можете да прочитате

Маричиќ: На 8 мај мора да имаме посилен СДСМ, без тоа на државата и се заканува силен популистички и националистички виор

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“

Еве кои денови се неработни наредна недела