Утрински Весник
Македонија

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“

Safe City Kameri Bezbeden Grad.jpg

Собранието попладнево едногласно ги донесе предлог-законите за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, Законот за полиција, Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со 65 гласа „за“ и без против и воздржани.

Овие закони се дел од пакетот потребен за целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Претходно денеска, Комисијата за одбрана и безбедност ги разгледа измените на Законот за полиција и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се проследени на понатамошна постапка во Собранието. Од 1 февруари ќе започне казнувањето за сообраќајните прекршоци, како што е најавено. Министерството за внатрешни работи отвори и посебен шалтер за „Безбеден град“, каде граѓаните ќе можат да ги ажурираат своите контакт информации.

Можете да прочитате

Циклони од Џенова: Првата половина од февруари многу влажна

Граѓански бунт против казните: Блокиран транзитниот пат во Струмица

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола