Утрински Весник
Македонија

Собранието ги констатираше оставките на Бислимоски и на Ристовска

20260218113040 big 730x400 58.webp.webp

Собранието денеска во рамки на 85. седница ги констатираше оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Цвета Ристовска. По усвојувањето на дневниот ред, започнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот и министрите.

На дневен ред на 85. седница се Предлог – одлука за давање овластување за склучување на поединечен колективен договор, Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Предлог на одлука за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, Предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Пратениците ја утврди потребата за носење на Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка, со којшто се предвидува продолжување на рокот за дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти, односно законот да важи до 3 март 2031 година.

Во прво читање се Предлог на закон за органско земјоделско производство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија.

На дневен ред на седницата е и Предлог-резолуција за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“