Утрински Весник
Македонија

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Whatsapp image 2025 10 28 at 13.39.39.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање.

Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека  со овој закон во Министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.

,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:

  • Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
  • За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник”.
  • Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
  • Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
  • Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
  • Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
  • Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
  • бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”,рече министерот Филков.
  •  

Министерот за правда Игор Филков изрази длабоко жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на  исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.

Можете да прочитате

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош