Утрински Весник
Македонија

Со шприц полн пестицид сакал да ја отруе сопругата, ОЈО бара притвор

Svr strumica.webp.webp

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга.  Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им.

Оштетената успеала да влезе во бањата, но осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да и нанесува посекотини на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат.

Во својот исказ пред јавниот обвинител жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала тоа да го пријави. Од тие причини, според јавниот обвинител, постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои и помогнале на оштетената и ја однеле во болница. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Можете да прочитате

Изминатото деноноќие приведени 10 лица фатени со дрога

Ален Милковски од Куманово е добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија