Утрински Весник
Македонија

Со оглед на тоа дека сме пред голем влажен воздушен бран, погледнете колку дожд ќе наврне во вашето место!

Феноменот “Ел Нињо” под чие влијание сме во моментов и истиот носи потопло време, и секако ни донесе вистинска пролет во февруари, во срцето на зимата, а тој ќе продолжи се до крајот на летото или почетокот на есента, кога ни започнува ладниот феномен “Ла Ниња”.

Моите последни објави беа поврзани околу снегот, и дали истиот воопшто ќе го имаме оваа зима, барем засега нема никакви најави за снег, дури и во втората половина од овој месец барем според моменталните наблудувања и следења шансите за снег се многу мали кај нас, како и во поголемиот дел од Европскиот Континент. Но тоа не значи дека се до крајот на зимата ќе поминеме без студови па и без снег.

Во март секако дека очекуваме повремени заладувања на времето кои би можеле да донесат снег. Генерално очекуваме натпросечно топло време се до крајот на оваа зима, без некои екстремни студови.

Што се однесува до врнежите, тие особено по 10 февруари, односно од овој викенд ќе бидат натпросечно високи, што значи дека влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период. Овој викенд ќе дува и силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој го очекуваме ќе биде валкан.

Сепак и поркај оваа голема промена на времето, температурите како што кажавме ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени. Секако оваа промена лошо ќе влијае особено кај метеопатите, каде се можни поголеми здравствени проблеми.

На следната карта може да видиме каде во Македонија ќе наврне најмногу дожд за време на претстојниот влажен воздушен бран:

На повеќе места се очекува да наврнат од 10 до 20 литри дожд на метар квадратен, а локално и повеќе (над 30 литри дожд на метар квадратен).

Следната седмица очекуваме пад на температурите, но не станува збор за некој голем пад на истите, но сепак ќе биде посвежо и на планините ќе има услови за провејување на снег (сепак и ова ќе биде далеку од вистинска зима).

Можете да прочитате

Внимание: Дали е вистина дека во престапна година не се прават венчавки и свадба

ВМРО-ДПМНЕ уплашени заради рејтингот и високата доверба на граѓаните за Пендаровски, сметаат од СДСМ

Откупот на тутунот заврши со неполни 15 000 тони, неопходни се законски измени