Утрински Весник
Македонија

Со нож и пиштол му се заканувале а подоцна го изболе, двајца браќа осомничени за насилство

Со нож и пиштол му се заканувале а подоцна го изболе, двајца браќа осомничени за насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Двајцата осомничени, на возраст од 40 и 44 години, на 2 март во кафе бар во селото Батинци, извршиле грубо насилство и телесно повредиле едно лице.
Додека оштетениот седел во објектот со уште други две лица, осомничените влегле и веднаш се упатиле кон него.

Едниот со нож, а другиот со пиштол во раката, започнале да го пцујат и да му се закануваат на оштетениот.

Тој почнал да бега, но двајцата осомничени го стигнале во близина на угостителскиот објект, му нанеле убодна рана со нож и повеќепати го удриле со пиштолот во пределот на главата. Кај сведоците на настанот со тоа предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Јавниот обвинител, оценувајќи дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопштија од таму​.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница