Утрински Весник
Македонија

Со казните од „Безбеден град“ ќе стигнуваат и фотографии

Safe city.jpg

Астрит Исени,заменик министер за внатрешни работи синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека казните од проектот „Безбеден град“ ќе пристигнуваат со приложени фотографии како доказ.

„Казната ќе содржи фотографија. Ќе се гледа дали возачот носел сигурносен појас или зборувал на телефон – рече Исени во емисијата.

Тој нагласи дека целта не е граѓаните да се казнуваат, туку да се подигне свеста за внимателно возење.

Можете да прочитате

Речиси илјада бесправно изградени објекти за една година – 96 отсто се во приватна сопственост

ТДП влегува во Владата и добива министер без ресор

Клековски: Здравството не е само функција, туку мисија за подобар живот на граѓаните