Утрински Весник
Македонија

Со каков легитимитет новиот претседател ќе ја води СДСМ во иднина?

D22172a9 5fd5 4e04 Bc22 Fe72f18523d0 1.jpeg

Изборите за претседател на СДСМ завршија.

Во моментот на пишување на овој текст се уште се очекуваат резултатите, а првичните инфомрации говорат дека иден претседател на СДСМ ќе биде Венко Филипче.

Но без разлика кој ќе биде следниот претседател на главната опозициска партија, тој пред себе ќе има најмалку еден предизвик и спорен момент, а тоа е легитимитетот.

Според информациите од СДСМ на неколку минути шред затворање на избирачките места на изборите гласале 12.608 членови на СДСМ односно 54% од регистрираните членови.

До пред само неколку години партиската база на СДСМ броеше над 80.000 активни членови а претходните претседатели Зоран Заев и Димитар Ковачевски беа избрани со над 60, односно над 40.000 гласови.

Претседателот на СДСМ кој ќе биде третиот претседател избран на внатрепартиски избори ќе биде единствен кој со помалку од 10.000 гласачи ќе биде избран за претседател.

Оттаму, со право се поставува прашањето со каков легитмитет ќе биде новиот претседател на СДСМ ако тој ја добил поддржката од едвај 12-13 проценти од активното членство на партијата?

Без разлика кој од утре ќе застане на чело на СДСМ, негов прв предизвик ќе биде да го оправда легитимитетот пред сопственото членство, а дури потоа да се обиде СДСМ да го консолидира и да го врати на победничките патеки, нешто што сите кандидати го ветуваа во кампањата.

Можете да прочитате

Ова е телефонскиот број на кој може да му се јавите на министерот Таравари

Девојка пронајдена мртва на браната Градче кај Кочани

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите