Утрински Весник
Македонија

Со џип излетал од патот Кичево – Гостивар

Soobra A Ka.jpg

На 20.05.2024 во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило „фолксваген туран” со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(32) од с.Колибари, кичевско, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот А.Б., а сопатникот Л.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Два активни пожари во Скопје, едниот во Брњарци, другиот во Волково

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари на отворен простор

Левица: ДПМНЕ има повеќе советници за млади и демографија отколку какви било резултати – училиштата им се празнат оред очи