Утрински Весник
Македонија

Со „бмв“ вчера се забил во бензиска пумпа кај Гевгелија

Soobrakajka.jpeg

Србин со „бмв“ вчера се забил во бензиска пумпа на автопатот „Пријателство“ во близина на Гевгелија. За среќа нема повредени иако возилото е целосно „уништено“ пишува Слободен печат.

Како што информира МВР, несреќата се случила вчера наутро околу 11 часот на делницата од клучка Прдејци до клучка Гевгелија.

„Српскиот државјанин А.Д.(45) управувајќи патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки изгубил контрола над возилото и удрил во метални јарболи од бензинската пумпа. Во незгодата повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија“, се вели во соопштението на МВР.

Можете да прочитате

Бомба пронајдена во Ваташа – 24info.mk

Миноски: Кризите на Блискиот Исток директно влијаат врз цените, инфлацијата и животниот стандард

Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион