Утрински Весник
Скопје

Снежна идила близу Скопје – Козјак побеле

20241111 140055 Scaled.jpg

На само 40 километри од Скопје може да се види вистинска снежна идила. На Козјак веќе е формирана снежна покривка, а љубителите на снегот и чистиот воздух може вистински да уживаат во оваа убавина која ја имаме денеска.

Инаку според најновите метео прогнози снегот кој од утринава паѓа во делови од централните, источните и од североисточните предели од Македонија, ќе продолжи до крајот на денов, а ќе го има и во текот на ноќта кон утрешниот ден.

Се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 1 до 5 cм, локално и до 10 cм снег. На повисоките места снежната покривка би можела да биде и поголема.

И во деновите кои се пред нас ќе имаме уште постудено време, исто така ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Повторно можна е појава на повремен снег понекаде и на местата со помала надморска височина (во населените места).

Можете да прочитате

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост