Утрински Весник
Македонија

Првиот заменик премиер Меџити, дел од 29та Конференција за климатски промени COP29

1 2 2.jpeg

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, учевствува на 29та Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, позната како  – COP29, која денеска започна во главниот град на Азербејџан, Баку.

COP29 е глобален настан кој обединува светски лидери и експерти од над 70 земји. Темата на овој самит е „Инвестирање во одржлива иднина”, со фокус на енергетската трансформација и заштитата на животната средина преку иновации и нови технологии, и обезбедува клучна платформа за земјите да ги координираат напорите за намалување на емисиите и промовирање на обновливите извори на енергија.

Првиот вицепремиер Меџити, претстојува заедно со министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска како дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, каде е дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акција, и претставува можност за Македонија да создаде нови меѓународни партнерства и да обезбеди нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура, што ќе придонесе за постигнување на долгорочни климатски цели и економски развој.

Од суштинско значење е да се имплементираат резултатите од глобалниот преглед за да се одржи целта кон 1,5 степени целзиусови, на национално определен начин.

Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, COP29, која се одржува во Баку, Азербејџан започна денес а завршува на 22 ноември 2024.

Можете да прочитате

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

ЦУ: Етапно царинење на употребувани автомобили и користење на други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем кој е хакиран