Утрински Весник
Свет

Снежна бура во Америка, откажани многу летови

13winter storm early morning nyc2 pbgt superjumbo.webp.webp

Силна снежна бура го зафати североисточниот дел на Америка, која предизвика откажување на бројни летови и затворање на училишта и други институции.

Според FlightAware, авиокомпаниите откажале повеќе од 1.220 летови во Америка, вклучувајќи 43 отсто од сите летови од аеродромот ЛаГвардија во Њујорк и 28 отсто од аеродромот Њуарк во Њу Џерси, додека од JFK” го откажал секој петти лет.

Училиштата се затворени во градот Њујорк, а властите велат дека ова е првпат во последните две години да падне доволно снег за да се бара употреба на машини.

Бројни рурални области во североисточниот дел на Америка се целосно отсечени од остатокот од светот поради рекордно високите снежни наноси.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот