Утрински Весник
Македонија

Снегот предизвика хаос: Прекини на струја и блокирани патишта во Битола

Image 7.png

Силниот снег што изминатите часови го зафати подрачјето на Битола предизвика прекини на електричната енергија на повеќе локации низ градот и околните населби. Од ЕВН информираат дека дефектите се последица на натежнат снег на електричните кабли, а нивните екипи се на терен за да ги санираат проблемите информираат од Центарот со управување на кризи.

Дополнително, на улицата „Студентска“ е регистриран паднато дрво кое го блокира сообраќајот. МВР СВР Битола во координација со јавните претпријатија работи на отстранување на пречката за да се воспостави нормално движење.

Граѓаните се апелираат на трпение и претпазливост додека траат интервенциите. Од надлежните институции најавуваат засилени активности за да се намали хаосот предизвикан од зимските услови.

Можете да прочитате

Шокантен случај: Македонец правел грабежи за да биде уапсен во Швајцарија

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари