Утрински Весник
Македонија

Снег на превоите Буково и Пресека, магла на патот Делчево – Македонска Каменица

Sneg na pat

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можете да прочитате

Пајак црна вдовица каснал жена во Велешко, итно префрлена на Токсикологија

Уапсен Македонец во Црна Гора: Баран за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан

Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките