Утрински Весник
Македонија

Смртта на 24-годишната Македонка се уште е под истрага, се очекуваат токсиколошките резултати

Solun atina 429086.jpg

Патолошки причини, односно смрт предизвикана од болест или природен процес во организмот, се првичните наоди од форензичката обдукција на 24-годишната девојка од Македонија, која беше пронајдена мртва во стан во областа Сикиес во Солун, објави грчкиот медиум Thestival.gr.

Според првичните информации, обдукцијата не покажала знаци кои би упатувале на насилна смрт или извршено кривично дело.


Надлежните грчки институции сега ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни одговори и да ја утврдат точната причина за смртта.

Дваесет и четиригодишната девојка, која потекнувала од Македонија, претходно била пријавена за исчезната откако нејзиното семејство не успеало да воспостави контакт со неа. По потрагата, таа била пронајдена без знаци на живот во стан во солунската населба Сикиес.

И покрај првичните наоди, истрагата продолжува, а надлежните служби ги проверуваат сите околности поврзани со случајот до добивањето на конечните резултати од токсиколошките испитувања.

Според засега неофицијални информации, станува збор за студентка од Прилеп, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена од надлежните институции.

Можете да прочитате

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје