Утрински Весник
Свет

Смртоносниот судир на автобус во пешаци во Стокхолм не бил намерен

20251115143123 big 730x400 2.webp.webp

Шведската полиција објави дека во моментов верува оти судирот на автобус во Стокхолм во пешаци на тротоар кога загинаа три лица, не бил намерен.

Возачот на автобусот е во болница и е уапсен под сомнение за убиство од небрежност.


Според шведските медиуми, возачот, чиј идентитет не е откриен, требало да направи пауза за време на работниот ден, но сепак возел.

Во петокот, за време на попладневниот шпиц, двокатен автобус се заби во редица луѓе што чекале на автобуска станица на прометна улица во центарот на шведскиот главен град.

Можете да прочитате

Макрон: Франција ќе продолжи да ја подржува Украина

Според Кремљ изјавата на Руте е неодговорна

Европските тематски паркови во празнично руво