Утрински Весник
Македонија

Смрт на заштитен вид мајмун во Скопската Зоолошка

581843ba d76e 49c1 b772 171ab677ac17.jpeg

„Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред неколку дена, починала млада женка од врстата сијаманг – еден од најретките и заштитени видови на мајмуни во светот. Дополнително трагично е што се работи за бремена женка“, напиша Кирков на социјалните мрежи.

Тој обвини дека директорот на Зоолошката, Попов, како и неговиот заменик Стаменов, молчат за случајот. „Истиот тој Стаменов кој закла коњи и против кого е поднесена кривична пријава, сега продолжува да раководи со ЗОО“, додава Кирков.


Според негови, како што вели, неофицијални информации, мајмунката била тајно носена во приватни ветеринарни ординации, без транспарентност и без јавноста да биде информирана за нејзината состојба.

„Ги охрабрувам новинарите да го истражат случајот. Нашата зоолошка градина пропаѓа, животните угинуваат, а никој не презема одговорност“, заклучува Кирков.

До овој момент, од Скопје ЗОО нема официјална реакција по обвинувањата.

Можете да прочитате

Трифунова: На колена ве молам – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква