Утрински Весник
Македонија

Слушнав истрел, Вања беше убиена – Палевски само ги крена рамениците вели Видевски

Palco Sudenje2 1170x780 1.jpg

Судот денеска го одби барањето на Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски, оценувајќи дека тоа е поднесено врз исти околности како претходно.

На рочиштето, обвинителката Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството, во кој детално објаснува како бил киднапиран Жежовски и како Палевски, познат како Палчо, го убил.


Во однос на убиството на Вања, Видевски во обвинителството сведочел дека Палевски добил информации од таткото на девојчето за тоа во кое време ќе излезе од дома.

„Кога стигнавме на местото, почнавме да ја одврзуваме Вања. Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме, се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби, кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: ‘Да помине малку време, ќе бараме’“, стои во сведочењето што го прочита обвинителката.

Овој исказ претставува клучен доказ во судскиот процес, кој продолжува со изведување на нови докази и сослушување на сведоци.

Можете да прочитате

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Влатко Стефановски во Сплит го прими Порин за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory