Утрински Весник
Македонија

Слупчане не попушта, ЕВН се држи до позициите – не се договорија да им ги простат долговите од илјадници евра

Заканите од кумановско Слупчане, втор ден ги држат екипите на ЕВН надвор од селото во кое се краде 80 отсто од струјата на годишно ниво

Претставници на ЕВН денес се сретнаа и преговараа со жители на селото Слупчане.

dobivaj vesti na viber

Од ЕВН по средбата оценија дека разговорите се одвивале во позитивна насока, а преостанува да се реализира уште еден состанок во текот на утрешниот ден.

„Макфакс“ неофицијално дознава дека жителите на Слупчане, сепак, не отстапуваат од своите барања. Тие изминатиот период во повеќе наврати поради диви приклучувања предизвикаа дефекти во мрежата, по што ги условуваа со барања екипите на ЕВН за да им дозволат да влезат во селото, додека вработените во компанијата тврдеа дека постојано се соочуваат со вербални и физички напади.

„Макфакс“ минатата недела дојде до документот на жителите на Слупчане, во кој се наведени нивните барања, а се состои од 14 точки. Велат дека за нив не треба да важат правилата што треба да ги почитува секој граѓанин, односно потрошувач. Простување долгови од илјадници евра, бесплатни приклучоци, но и највисоката сметка што ќе ја добиваат да биде 3.000 денари – се дел од барањата.

Според информациите, загубите во Слупчане се 80 отсто, а наплатата е само 20 проценти.

Пред околу еден месец екипа на „Макфакс“ беше во Слупчане, каде што жителите останаа 24 часа без струја и беа гневни. Тврдеа дека не е точно оти не ги пуштаат екипите на ЕВН во селото. Преговараа со компанијата преку министерот за економија Крешник Бектеши, па откога прифатија да се направи модернизација на мрежата, струјата им беше вклучена.

Можете да прочитате

Кога конкурентите работат за иста цел: ОИЛТЕК повторно над националните цели

Детали за акцијата на МВР: Кривична пријава за шест физички и три правни лица, уапсени три лица за перење пари, проневериле над два милиони евра

ПЕТРОВСКА ПРЕДЛАГА НАДЗОРНА РАСПРАВА ВО СОБРАНИЕТО: Дата-центрите не се проблем, туку тоа што не се знае со кого преговара Владата