Утрински Весник
Македонија

Словенија има највисока просечна плата, Македонија најниска – податоци од земјите во регионот

Pari 780x410 1.jpg

Највисока просечна плата во регионот имаат работниците во Словенија, а најниска во Босна и Херцеговина (БиХ) и Северна Македонија, покажа анализата на агенцијата „Анадолу“.

Имено, според последните податоци, просечната плата исплатена за јуни во Словенија е 1.500 евра, во Хрватска 1.320 евра, во Србија 855,8 евра, во Црна Гора 838 евра, во БиХ 702,51 евра и во Северна Македонија 680,7 евра, пренесува Мина.

Се наведува дека просечната плата за јуни во Словенија била 2.370 евра бруто, односно со даноци и придонеси и 1.500 евра нето. Јунската заработка во Словенија номинално е за еден отсто поголема од мај, а реално за 0,6 отсто.

Просечната месечна плата за првото полугодие од годинава е повисока во однос на истиот период лани за номинално 6,5 отсто во бруто износ, односно за 3,5 отсто реално и четири отсто во нето износ или 1,1 отсто реално.

Растот на платите на шестмесечно ниво во приватниот сектор е повисок отколку во јавниот сектор.

Споредено со платата за мај, просечната бруто-плата во приватниот сектор е помала за 1,1 отсто, додека во јавниот сектор е зголемена за 5,2 отсто. Главна причина за ваквото зголемување во јавниот сектор е усогласувањето на вредноста на оценките на платите за 3,36 отсто од 1 јуни, што претставниците на синдикатите на јавниот сектор и Владата го договорија на крајот на минатата година.

Сепак, просечната месечна бруто-плата за првото полугодие во приватниот сектор позначително е зголемена, за 7,6 отсто, отколку во јавниот сектор, каде што е повисока за 4,4 отсто.

Највисока плата за јуни во просек имал секторот дистрибуција на струја, гас и пареа (2.240 евра нето), а најниска во угостителството (1.140 евра).

Истовремено, во Хрватска просечната месечна исплатена нето-плата во јуни изнесува 1.320 евра, што е номинално и реално за 0,7 отсто помала од мај. Просечната месечна бруто-плата во јуни изнесува 1.820, што е номинално и реално за 0,7 отсто помала од мај.

Највисока просечна месечна нето плата во јуни е исплатена во здравството, 1.980 евра, а најниска во производството на облека, 845 евра.

Највисока просечна месечна бруто-плата во јуни има во производството на кокс и рафинирани нафтени деривати, 2.940, а најниска во производството на облека, 1.090.

Во Србија, растот на бруто-платата во периодот јануари-мај во однос на истиот период лани, номинално изнесува 15,3 отсто, односно реално 9,5 отсто, додека просечната нето-плата номинално е повисока за 15,2 отсто и 9,4 проценти реално.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за мај годинава е номинално повисока за 16,3 отсто, а реално за 11,3 отсто, додека нето е номинално повисока за 16,2 отсто, односно за 11,2 отсто во реални услови.

Во Црна Гора просечната нето плата во јуни, во однос на мај, бележи раст од 0,7 отсто, додека на годишно ниво е зголемена за 5,4 отсто.

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јуни во однос на мај бележат раст од 0,1 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период скокнале за 0,6 отсто.

Во Босна и Херцеговина просечната плата во јуни била за 57 евра повисока од минатогодишниот просек од 645,71 евро.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Северна Македонија, просечната месечна исплатена нето-плата во јуни изнесува 114,8 во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување е последица пред се на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите финансиски и осигурителни, административни и помошни услужни сектори, јавна администрација и одбрана и задолжително социјално осигурување.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег