Утрински Весник
Спорт

Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано

Slovacka Plivacka.jpg

Словачката Тамара Поточка беше ставена под медицински надзор откако колабираше по натпревар на 200 метри мешано на Олимписките игри во Париз.

Поточка (21) заврши на претпоследното седмо место на третата трка со време од 2:14.20 минути, 4.30 секунди зад победничката Самер Мекинтош од Канада.

Набргу по излегувањето од базенот, Поточка падна, поради што беше потребна интервенција на лекарскиот тим во „Дифенс Арена“.

Пливачката беше ставена на носилка со маска за кислород и однесен во блиската болница на дополнителни тестови.

Можете да прочитате

Македонија со трофеј од турнирот во Анкара

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Инфантино: Мундијалот 2026 ќе биде најдобриот во историјата