Утрински Весник
Скопје

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите

20260722102318 big 730x400 78.webp.webp

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа координативен состанок со градоначалниците на скопските општини и со Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани последиците од неодамнешното невреме и мерките за помош на граѓаните чии домови претрпеле штети.

Како што соопштија од Град Скопје, било договорено сите општини да формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите. По приемот на пријавите ќе следува стручна проценка во координација со Град Скопје, по што, согласно законските процедури и обезбедените средства, ќе започне исплатата на финансиска помош за санација на оштетените станбени објекти.


Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период ќе бидат спроведени засилени инспекциски контроли на објектите чии кровови биле однесени или сериозно оштетени за време на невремето.

„Ќе се проверуваат сите објекти со оштетени кровови за да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека нивното одржување е обврска на куќните совети“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека сите расположливи капацитети на Градот се ангажирани за справување со последиците од невремето и посочи дека Град Скоп

Можете да прочитате

Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули

Меџити ги пречека делегациите на Folk Fest во Општина Чаир

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат