Утрински Весник
Македонија

Следува стабилно и сончево време

Zima Sonce 750x430 1.jpg

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најавува УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 3 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде дневната температура ќе се искачи до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 13 степени.

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.

Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Можете да прочитате

Таксист нападнат во Центар, одбил да превезе повеќе лица од дозволеното

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“