Утрински Весник
Македонија

Следната седмица полека атмосферата ќе се дестабилизира: Ќе започне појавата на нови поројни дождови и грмежи, а температурите ќе опаѓаат

Profimedia 0361761851.jpg

Почитувани, по стабилниот  и релативно сув викенд кој е пред нас, следната седмица ни носи нова постепена дестабилизација на атмосферата, особено во попладневните часови. Во ваква ситуација, во попладневните часови ќе се развиваат локални грмотевични облаци во Македонија кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Не се исклучува можноста и за појава на локално краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе бидат релативно  пониски, односно не очекуваат свежи утра со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени.  Максималните дневни температури пак за разлика од овој викенд кога ќе бидат повисоки, од следната седмица очекуваме тие постепено да опаѓаат, особено од средината на истата  и тогаш тие ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

НАПОМЕНА: За време на овој викенд метеоролошката ситуација ќе биде многу појасна за тоа што точно би се случувало со времето кај нас во текот на следната седмица, но едно е сигурно, тоа е дека температурите постепено од ден на ден ќе опаѓаат, а атмосферата полека ќе се дестабилизира.

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј