Утрински Весник
Економија

Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите

20250807113523 big 730x400 4.webp.webp

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги почна да ги дава првите резултати. На почетокот на овој месец, трите големи банки и една средна банка соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, соопшти гувернерот Трајко Славески.

Како што рече денеска на прес-конференција, ова се очекува и од другите средни и од помалите банки.


Според Славески, намалувањата се особено значајни за извршување на плаќањата на клиентите преку интерните системи на банките, како и преку платните системи каде плаќањата се извршуваат меѓу банките во реално време во текот на денот.

– Банките се повеќе почнуваат да ги нудат бесплатно плаќањата што се иницирани преку електронското и мобилното банкарство и се извршуваат во нивните интерни системи. Забележуваме надолна корекција на висината на надоместоците кај една од банките и кај повлекувањето готовина на шалтерите на банката, како и кај останатите услуги поврзани со плаќања во готовина, преписи на документација и издавање потврди – истакна гувернерот.

Тој најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива за измени на законското решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки.

Можете да прочитате

Просечната плата во јуни помала за 1.163 денари во однос на месец мај

120 милиони евра повеќе БДП, за само две години економијата го забрзува чекорот

НБ: Во јули годишен раст од 8,8% на вкупните депозити и 13,3% на вкупната кредитна