Утрински Весник
Скопје

Скопје памети, 63 години од катастрофалниот земјотрес

Skopje zemjotres.jpg

Скопје денеска одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.

Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел.

Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници на Град Скопје, во рамки на централното комеморативно чествување посветено на жртвите од трагедијата.

Вечерната програма ќе започне во 19:30 часот во Музејот на град Скопје со отворање на изложбата „63 години – Скопје ‘63“, чиј автор е Зоја Богдановска, кустос советник и историчар. Поставката преку автентични фотографии и архивски материјали ги прикажува првите часови по земјотресот, сведоштвата на преживеаните и напорите за спасување, ставајќи ги во фокус човечките приказни и емоции од денот што засекогаш го промени градот. Изложбата ќе стане дел од новата постојана поставка во музејот.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост