
На 23.08.2026 во 18:30 часот на Плоштад „Крушевска Република” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.К.(71) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во куќа во Охрид агресивно се однесувал и упатувал закани кон М.Ј.(28) од Кичево и кон други присутни лица, а потоа ги испрскал со запалива течност.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност”.

